Авионскиот превоз кочница за македонскиот туризам

Bez autora
Jan 19 2011

Авионскиот превоз е најкритичната точка во македонскиот туризам и главната причина поради која нашата земја е скапа туристичка дестинација. С` додека странските туристи во Македонија доаѓаат преку аеродромот во Солун и Софија, не може да се креира комплетен туристички производ. Ова беше потенцирано на свеченото отворање на Четвртиот меѓународен саем за туризам вчера во Охрид. Македонските туристички работници уште еднаш потенцираа дека, иако во Македонија досега се искреирани три стратегии за развој на туризмот, сепак нема реални резултати. Македонија нема туризам, институциите што треба да ги реализираат стратегиите за туризам не се доволно ангажирани. Стратегијата не значи само да се напишат планови на хартија, туку треба да се анализира состојбата во Македонија. Тука никој не кажува како во Македонија да се најдат начини да се подобри стратегиската инфраструктура за да може туризмот да се движи.

Авионскиот превоз кочница за македонскиот туризамАвионскиот превоз е најкритичната точка во македонскиот туризам и главната причина поради која нашата земја е скапа туристичка дестинација.

С` додека странските туристи во Македонија доаѓаат преку аеродромот во Солун и Софија, не може да се креира комплетен туристички производ. Ова беше потенцирано на свеченото отворање на Четвртиот меѓународен саем за туризам вчера во Охрид.

Македонските туристички работници уште еднаш потенцираа дека, иако во Македонија досега се искреирани три стратегии за развој на туризмот, сепак нема реални резултати.

- Македонија нема туризам, институциите што треба да ги реализираат стратегиите за туризам не се доволно ангажирани. Стратегијата не значи само да се напишат планови на хартија, туку треба да се анализира состојбата во Македонија. Тука никој не кажува како во Македонија да се најдат начини да се подобри стратегиската инфраструктура за да може туризмот да се движи - вели Арсенија Јанески од туристичката агенција „Компас“. Тој потенцираше дека друг проблем е тоа дека ние не знаеме каков туризам сакаме да развиваме.

- Не знаеме која е целната група на македонскиот туризам, ние треба конечно да се одлучиме какви туристи сакаме, млади или елитни туристи - вели Јанески.

Странските туроператори од Израел велат дека туристите од нивната земја се интересираат за алтернативна туристичка понуда и дека Македонија не обезбедува соодветни услови за таков вид туризам.

- Тоа е многу поинтересно и поатрактивно за нашите туристи затоа што така ја гледаме земјата и природните убавини, го чувствуваме народот, кујната и можам да кажам дека нашите туристи се одушевени од Македонија. Голем проблем за алтернативниот планински туризам е тоа што во Македонија нема специјализирани џипови за такви туристички посети и дека таквите џипови ги изнајмуваме од Бугарија - вели Дорон Хари, туроператор од Израел.

Покрај обезбедувањето услови за развој на алтернативниот туризам, Лилјана Попоска од ДОМ рече дека Македонија треба да го подигне нивото на туристички услуги што ги нуди.

- За таа цел ќе ни биде потребна нова категоризација на сите туристички објекти по современи европски стандарди. Ќе биде потребно државата да обезбеди кредитна линија за поддршка на туризмот зашто без тоа не можеме да постигнеме соодветни европски стандарди - вели Попоска

На Саемот за туризам, кој ќе се одржува до 19 јануари, поставени се 19 промотивни штандови, а присуствуваат туроператори од Турција, Хрватска, Србија, Албанија, Израел и од Бугарија.

„Златно пенкало“ за чешки новинар

Новинарот Петер Кунчиш од Чешка е добитник на наградата „Златно пенкало“, која Агенцијата за промоција на туризмот го доделува на странски новинар кој ќе објави репортажа за Македонија. Ова признание кое годинава се доделува за прв пат, а Кунчиш го добива за обемната репортажа која минатата година ја објавил во престижниот чешки весник „Право“.

Директорот на агенцијата за промоција на туризмот Зоран Стрезоски појасни дека во изборот за доделување на „Златното пенкало“ влегуваат сите странски новинари кои агенцијата во рамки на своите промотивни активности ги поканува да ја посетат Македонија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik